Белорусите беа тврд орев, но Германците се израдуваа на прва победа на ЕП

Репрезентацијата на Германија оствари тешка победа на првиот натпревар на Европското првенствто, откако после голема борба беше совладана Белорусија со 33:29.

Почетокот на натпреварот беше перфектен за Белорусија, а после само десетина минути оваа селекција имаше високо водство од 7:2. Следуваше игра гол за гол и одржување на предност на Белорусија. Германските голмани имаа слаб ден и малку одбранети удари што дополнително одеше во прилог на Белорусите.

Германија успеа да се врати во игра и да стигне до израмнување во 20. минута на 10:10. Ракометарите на Белорусија играа брзо во нападите, но направија серија грешки што избраниците на Гисласон го искористија и ја стопија негативата. На полувреме Белорусија имаше минимална предност од 18:17.

Германија го скрши отпорот на противникот на почетокот на второто полувреме. Со головите на Хефнер и Шилер во 41. минута Германија поведе со 25:21. Во продолжение Белорусија успеваше да намали на минус два, но многу грешеше во напад и немаше шанси до крај да извлече позитивен резултат.

14 јануари 2022
33 - 29
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
14 јануари 2022 19:36 EURO22 D 2021/2022 13.01.2022 60'

Место

„ОНДРЕЈ НЕПЕЛА“ БРАТИСЛАВА

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ГЕРМАНИЈА1733Победа
БЕЛОРУСИЈА1829Пораз

ГЕРМАНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
4Јоханес Голапивот04
7Патрик Винцекпивот21
11Себастијан Хејманлев бек00
18Јулијан Кестерцентрален бек00
19Џибрил Омар Мбенгудесен бек00
20Филип Веберлев бек02
25Каи Хефнердесен бек08
31Марсел Шилерлево крило08
33Андреас Вулфголман00
35Јулиус Кунлев бек16
36Лукас Мертенслево крило00
40Симон Ернстцентрален бек00
44Хриштоф Штајнертдесен бек13
73Тимо Кастенингдесно крило01
98Тил Климпкеголман00
99Лука Вицкецентрален бек00
 Вкупно 433

БЕЛОРУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Иван Мацкевичголман00
3Владислав Кулешлев бек17
7Арцјом Кулакцентрален бек02
9Алех Астрашапкиндесен бек02
14Јаухен Никановичдесно крило00
16Вјачеслав Салдаценкаголман00
17Владислав Кривенкалево крило00
23Андреј Јуриноклево крило02
25Виктор Зајцовпивот10
50Арцем Каралекпивот06
55Никита Вајлуповдесно крило07
62Кирил Самоилалев бек01
65Мацеј Уадавенијадесен бек00
74Вјачеслав Боканпивот20
95Вадим Гајдученкоцентрален бек02
98Николај Аљохиндесен бек00
 Вкупно 429

ЕП 2022, ГРУПА Д – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1СЛОВЕНИЈА33006
2НОРВЕШКА31113
3ПОЛСКА31022
4ФАРСКИ ОСТРОВИ30121