Бахреин остана без селектор – Кристјансон си најде клуб и си замина

Поранешниот селектор на Исланд, Арон Кристјансон веќе е поранешен селектор и на Бахреин. Тој го потврди ова за медиумите во својата земја, а веќе е позната неговата следна дестинација. Третпат во својата кариера ќе седне на клупата на тимот на Хаукар.

Кристјансон беше селектор на Исланд од 2012 до 2016 година. Потоа две години седеше на клупата на Алборг, а во последните две години беше селектор на Бахреин.

Сега се враќа во Хаукар и вели дека не сакал да го остави тимот без контрола за да може да го води Бахреин.

„Би ми било неопходно да ангажирам асистент тренер за да би можел да минувам повеќе време во Бахреин. На тој начин ќе пропуштев многу играчи од Хаукар и не би имал целосна контрола“, вели Кристјансон објаснувајќи зошто се повлекува од селекторската позиција.

Инаку, се работи за искусен стратег кој има добри резултати зад себе како тренер со Хаукар, Скјерн, Хановер, Киф Колдинг и Алборг.