Барселона ја повлече „осмицата“ во чест на легендарниот Виктор Томас

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта извести дека клубот ќе го повлече од употреба дресот со број осум во чест на легендарниот Виктор Томас кој целата кариерата ја помина во Барселона.

Славното десно крило ги бранеше боите на Барселона од 2002 до 2020 година освојувајќи за тој период дури 69 титули, вклучувајќи ги и оние од младинските категории. Според овој статистички податок Томас е третиот најтрофеен спортист во историјата на Барселона зад Баруфет (71) и хокеарот Аитор Егурол.

Виктор Томас осум години беше капитен на екипата. Освои 12 шпански првенства, три титули во Лигата на шампионите и пет трофеи на Супер Глоб.

Пред „осмицата“ Барселона од употреба ги повлече дресовите со број: 2 (Оскар Грау), 4 (Хавиер О’Калахан), 5 (Енрик Масип), 7 (Уњаки Урдангарин), 14 (Хуан Сагалес) и 16 (Давид Баруфет).