Барселона лесно против Пињеирос, ќе ја брани титулата на Супер Глоуб

Ракометарите на Барселона остварија лесна и убедлива победа во полуфиналето на Супер Глоуб против претставникот од Јужна Америка, бразилски Пињеирос со 39:24.

Каталонскиот тим немаше проблеми да обезбеди ново финале на неофицијалното светско првенство. Уште од самиот почеток тргнаа силно и поведоа со 6:1, а до крај на полувремето само ја зголемуваа предноста и на паузата Барселона водеше 23:16.

Ефикасната игра продолжи и во вториот дел, а разликата постојано растеше. Пињеирос немаше сили да даде поголем отпор и на крајот забележа убедлив пораз. На крај шампионот на Европа триумфираше со 15 гола разлика.

Најефикасен во победничкиот тим беше Фабрегас со шест погодоци, додека по пет постигнаа Јанц и Абељо. Во составот на Пињеирос најефикасен беше Сифер со шест гола. Во финалето Барселона ќе игра против Магдебург.