Барса покажа моќ и го освои трофејот на ТВ турнирот на шампионите

Шпанскиот гигант Барселона според очекувањата го освоија трофејот на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Каталонскиот тим во финалето славеше убедливо против египетскиот првак Ал Ахли со 37-31 пред 2.000 гледачи.

Победата на Барса беше најавена уште по првото полувреме кога избраниците на Антонио Ортега водеа со 11 гола, 23-12.

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Мем и Ване со по седум погодоци, додека Де Варгас и Нилсен комбинираа 20 одбрани.