Барса и ПСЖ не се непобедливи – загубија од Хановер и Гумерсбах

Двата европски гиганти Барселона и ПСЖ дел од своите подготовки минуваат во Германија, каде тестираа со бундеслигаши.

Барселона по трофејот во Добој, загуби на гостувањето кај поранешниот тим на Антонио Ортега, Хановер.

По максималните четири победи на ТВ турнирот на шампионите, каталонците беа поразени од Хановер со 40-38.

ПСЖ по турнејата во Јапонија, славеше минимално кај Вецлар, но на вториот тест загуби кај Гумерсбах со 39-37.