Барса без Палмарсон, ПСЖ со Карабатиќ, новиот играч на Металург нема да игра за Нант (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави составите на четирите екипи што ќе играат во полуфиналните средби на завршниот турнир во Келн.

Барселона во последен момент остана без еден од главните адути, Арон Палмарсон, поради повреда, а нема да игра ниту Ханиел Лангаро.

Во ростерот на ПСЖ се враќа Никола Карабатиќ по долго време, додека кај Алборг ќе отсуствува Марк Страндгард поради повреда.

Кире Лазаров очекувано е во составот на Нант, додека нема да играат Матју Баталие и Оливие Њокас.

Првиот меч меѓу Алборг и ПСЖ се игра денеска од 15:15 часот, додека втората полуфинална средба меѓу Барса и Нант е од 18:00 часот во „Ланксес Арена“.