Банхиди и ПИК Сегед во љубов до 2025 година!

Унгарскиот репрезентативен кружен напаѓач, Бенце Банхиди, ќе остане верен на актуелниот клуб најмалку уште четири години.

Банхиди потпиша договор со ПИК Сегед до 2025 година и ќе остане во тимот каде што настапува од 2016 година.

„Се чувствувам одлично тука и за спортистот тоа е најважно. Имаме сериозни амбиции и цели кои сакам да ги оствариме со моите соиграчи. Продолжувањето на договорот значи дека планирам долго да останам во Сегед, каде што се работи одлично“, изјави Банхиди.

Друштво на пикерската позиција ќе му прават Матеј Габер и Миклош Роста, а ПИК Сегед претходно се засили со левите крила Себастијан Фримел и Александар Блонц, како и средниот бек Мигел Мартинс.