Балинген без Талески до реми со Минден, пораз за Миркуловски и Вецлар

Тимовите на двајца македонски интернационалци имаа натпревари во рамки на 27. коло во Бундес лигата. Вецлар на Филип Миркуловски имаше тешко гостување кај Мелсунген, додека Балинген на Талески на домашен терен конечно ја прекина серијата порази, но сепак остана без победата во последните секунди.

Балинген имаше добра можност по подолг период да стигне до победа на дуелот против Минден пред своите гледачи. Сепак во две израмнети полувремиња екипите ги поделија бодовите, а натпреаварот заврши 26:26 полувреме 14:14. На овој натпревар левиот бек на македонската репрезентација Филип Талески не беше во составот на Балинген.

Вецлар имаше одличен почеток на мечот и водство од 10:4 во 15. минута од дуелот. Сепак до крајот на првиот дел домаќините успеаја да се вратат во натпреварот. На полувреме Вецлар имаше само минимално водство 13:12. Во вториот дел Мелсунген со подобра игра го сврте резутатот и стигна до бодовите со триумф од 28:26. Филип Миркуловски немаше свој ден и успеа да постигне само еден гол од четири обиди, а забележа и една асистенција.