Бабиќ: Очекувам барем еден трофеј да донесеме во Битола!

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги започнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната, кои ќе се одвиваат во Македонија, Хрватска и Словенија.

Тренерот на битолчаните, Жељко Бабиќ, очекува неговите соиграчи да донесат барем еден трофеј во Битола.

„Едвај чекам да почне сезоната и добро е што ќе имаме повеќе натпревари. Имаме многу играчи, широк ростер и многу ракометари кои помалку играа, па ќе добијат шанса напролет. Ќе биде тешко и психички и физички, но верувам дека сме подготвени на предизвикот. Спортски е да очекувам да освоиме барем еден трофеј на крајот на сезоната“, вели Бабиќ.

Еурофарм Пелистер ќе се тестира против Загреб, Целје, Горица, како и со македонски екипи пред стартот на СЕХА, Лига Европа и плеј-офот во Суперлигата.

„Планиравме да се подготвуваме во Истра, но тоа ќе го одложиме, бидејќи не можеме да играме против Нексе, а и екипите од Словенија не сакаат да дојдат во Хрватска. Ќе направиме турнеја во Словенија и Хрватска и ќе одиме во Целје да одиграме еден натпревар против Целје Пивоварна Лашко. Потоа ќе се стационираме во Загреб, каде ќе останеме 5-6 дена и ќе тестираме со Загреб и Горица. Така, по тие три натпревари, ќе се вратиме во Македонија и ќе одиграме уште неколку натпревари со македонските тимови, кои исто така ќе ги започнат подготовките. Планирам да одиграме шест натпревари до почетокот на февруари и натпреварот од СЕХА лигата против Загреб“, заврши Бабиќ.

Првиот официјален натпревар битолчани ќе го одиграат против хрватскиот првак на 6 февруари.