Бабиќ: Игравме лошо во првото полувреме, премногу промашивме

Екипата на Еурофарм Пелистер загуби со 21:26 на првиот натпревар од Лигата на Европа против Ним, а прикажаното особено во првото полувреме беше далеку од она што е потребно за да се дојде до подобар резултат на стартот од сезоната.

Првото полувреме беше премногу лошо и заврши со резултат 6:15, па во вториот дел мораше да се надоместува.

„Сакам да му честитам на тимот на Ним за победата и за одиграното. Сосема заслужена победа, затоа што одиграа добар натпревар. Тажен сум, затоа што сметам дека не се покажавме во нашето најдобро светло. Игравме лошо посебно во првото полувреме, шутиравме избрзано и промашувавме, а и голманот на Ним беше расоложен. Уште еднаш, честитки за ривалот и многу успех во сезоната“, изјави Бабиќ после натпреварот против Ним.

Следната средба за Еурофарм Пелистер е во вторник во Швајцарија. Противник ќе биде Кадетен Шафхаузен.