Аџиќ од следната сезона во Кастамону, доаѓаат и четири Црногорки!

Екипата на Кастамону и следната сезона планира квалитетни засилувања и создавање квалитетен тим за високи дострели.

Во турските медиуми се шпекулира дека нов тренер од следната сезона ќе биде поранешниот селектор на Црна Гора и екс тренер на Будуќност, Драган Аџиќ.

Како нови засилувања во екипата се споменуваат и четири репрезентативки на Црна Гора.

Пред неколку денови, Кастамону, се раздели со тренерот, Хеле Томсен, а во тимот остануваат сите ракометарки и наредниот период.

Во екипата од звучните имиња настапуваат – Аманда Куртовиќ, Екатерина Веткова и Алена Ихнева.