Ацо Јоновски не е повеќе тренер на Ратинген, Филип Лазаров ќе биде привремена замена

Ацо Јоновски не е повеќе тренер на германскиот тим Ратинген, откако управата и македонскиот стратег решија да ја прекинат сооработката.

Ратинген не успеа да се пласира ранг погоре оваа сезона, иако беше во игра до последното коло во шампионатот.

Јоновски сепак останува во Ратинген, но ќе има нова улога во клубот. Асистентот на Јоновски, Филип Лазаров ќе биде привремена замена на местото прв тренер.

Германците најавија дека Лазаров ќе биде на кормилото додека да се најде ново решение за тренерската позиција.