Астибо водеше со осум гола, но на крај загуби од Стружанка!

На последниот натпревар оваа година за двете екипи, екипата на Стружана славеше на гостувањето во Штип со 28-26.

Домашните ракометарки водеа во првото полувреме дури и со осум гола разлика, 13-5, но до паузата гостинките ја преполовија негативата, 15-11.  Во вториот дел израмнија на 17-17, потоа најчесто се играш гол за гол до 24-24. Стружанка на седум минути до крајот ги даде клучните два гола за 26-24.

Штипјанки намалија на 27-26, имаа шанса да погодат за реми, но Митоска одбрани. Ниту на спротивната страна немаше голови, а повторно Митоска им брани пенал на домаќинките.

Казната стигна преку Затуроска која погоди од невозможна позиција за 28-26. Голманката на Стружанка, Митоска, уште една беше поуспешна од домашните ракометарки и има големи заслуги за трите бода на овој меч.

Најдобри стрелци на теренот беа Ивана Затуроска која даде 14 гола за Стружанка и Марија Анчева која даде 13 гола за Астибо.

Штипјанки продолжуваат напролет во плеј-аут, додека Стружана ќе игра во плеј-офот.