Анже и Анастасовски му украдоа бод на фаворитот Трембле

Тимот на Анже, каде што игра македонскиот интернационалец Кристијан Анастасовски, одигра реми со Трембле, 29-29.

Во натпреварот од 24 коло, на кој голем фаворит беше гостинот Трембле, Анже успеа да украде важен бод во битката за опстанок.

Македонскиот пивот Анастасовски успеа да постигне два гола од два обиди, а успешно си ја заврши работата и во одбраната.

Анже сега има 9 бода и заостанува во борбата за опстанок зад директните ривали, но до крајот на регуларниот дел има уште шест кола.