Андронов: Сите што мислат дека имавме среќа што ни се падна Македонија се лажат!

Репрезентација на Украина за пласман на Светското првенство 2023 ќе се бори против Македонија.

Селекторот на Украина, Виталиј Андронов смета дека Македонија е незгоден ривал, кој има играчи од посилните европски шампионати истакнувајќи дека резултатот на двете репрезентации најмногу ќе зависи од голманите.

,,Подолго време ја анализиравме играта на Македонија. Сите што мислеа дека имавме голема среќа што ни се падна Македонија се лажат. Во репрезентацијата на Македонија има играчи од првенството на Романија, Франција, Русија, и на секоја позиција имаат добри замена, има играчи кои располагаат со шут од далечина, крилата исто така се добри. Главниот фактор е нашето расположение, она што ќе го имаме во нашите глави. Репрезентацијата со добро расположени голмани ќе биде во голема предност за овие натпревари”, изјави Андронов.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Украина ќе се одигра на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 19:00 часот.

Поради конфликтот во Украина, реваншот ќе се одигра на неутрален терен, во унгарскиот град Кишварда на 11 април, со почеток од 17:00 часот.