Анализа Стевче Алушовски: Подобро да се греши во оригиналот отколку во копирањето

Шокиран сум од играта. Знаевме како поминавме на Европското лани во Унгарија. Сега ги имавме сите услови, добри подготовки, буквално се што беше потребно. Но, ова е пораз на тимската игра. Со многу индивидуалности во одбраната и во нападот не се стигнува до позитивен резултат. Тимот победува, не победува поединец.

Во напад секој се обидува да игра 1-1, нема продолжена топка. Лесно не пробиваа во одбраната. Игравме без помош, без длабочина. Не изненадија во одбраната со 6-0 и кога требаше минуваа во 5-1. Се што требаше ние да играме тактички, го одигра Аргентина.

Зошто не пробавме да играме 7-6 ? Најавно беше дека ќе играме брза транзиција, но тоа не го видовме. Одбраната треба да донесе резултат, да донесе заедништво.

Малку е нејасно по три порази на Европското првенство и два на ова Светското првенство, следи дуел со Аргентина, натпревар да се биде или не за македонскиот ракомет и на тој натпревар – тимот не е во функција, апатичен, одбраната изненадена,…

Ќе биде многу тешко да се гледа Македонија во Президент купот.

Но, мора да се проба да се извлече нешто позитивно, мора да бидеме тим и само така може да стигнеме до победи. Треба добро да се замислиме сите што работиме во македонскиот ракомет. Ова  е голем шок за македонскиот ракомет пред се.

Подобро да се греши во оригиналот, отколку во копирање.