Анализа Слободан Чивлачки: Репрезентативците треба да се борци на терен, без тоа нема успех

Секој натпревар е важен, па затоа е и важно е да се победи. Денешниот натпревар не се одвиваше како што посакувавме. Јужна Кореја секогаш игра поинаков ракомет од другите. Тоа е така низ годините. Но, на крајот победа е секогаш добредојдена, особено на крај на големо натпреварување.

Одбраната 3-3 на Јужна Кореја ни беше проблем. Тие подолг период играат таква одбрана. Составот на репрезентацијата ни се менува и сметам дека играчите не се воиграни. Постојано имаме нови и нови играчи. Мислам дека натпреварот требаше порано да го решиме, дека квалитетот е на наша страна. Екипите од Президент купот требаше да ги добиеме без проблеми.

Добро е што имаме постојано учество на Европски и Светски првенства, добро е тоа за ракометот за разлика од другите спортови во Македонија, кои не можат тоа да го направат. Но, не е тоа вистинската слика. Квалификациите сега се полесни откако е зголемен бројот на репрезентации. Во овие квалификации за Европско кои се актуелни, ја имаме за ривал Турција која не е многу заинтересирана за ракомет, Луксембург исто така – тоа значи лесен пат за пласман на големо натпреварување. Тоа што ќе играме на големо натпреварување е пак добро за ракометот.

На ова Светското првенство се покажа зошто ние не сме во рангот на ТОП 8, туку сме на 27.место. Јас никогаш не сум играл на големо натпреварување. Но, ако сум таму би направил се да освојам топка, да дадам гол, ние тоа го немавме и тука е најголемата вина за овој пласман. Има играчи кои не заслужуваат да бидат во репрезентацијата. Мора да се направи поинаков избор. Убеден сум дека имаме играчи кои можат да бидат дел од големо натпреварување.

Прво репрезентативците треба да бидат борци, кога ќе бидат на терен. Без тоа нема успех, тоа треба да не потикне да останеме ние покрај телевизорот. Би го спомнал само Миркуловски и ако имаат само 10% од неговата игра тие што ќе бидат во репрезентацијата тоа ќе биде добро.

Играчите што играат ракомет во нашите лиги пред се во младинските лиги, играат сомителни натпревари. За жал од таму почнуваат сите работи. Нешто што е присутно и од минатото. Игра овој играч или тој играч треба да игра во младите категории, а квалитетните играчи остануваат на трибини или на клупа. Прашање е ова како треба да се прекине? Тие се проблемите, кои треба да се решат.

Тренерите треба да ги учат играчите како да победат и да се надигруваат. Криво ми е зошто не сме понапрад, а во овој спорт можеме да одиме напред, но тоа не се случува. Не се гледа како да се создаде играч.

Сметам дека ќе дојдат поубави денови и дека секој тренер ќе почне да работи како треба. Прво педагошки ќе ги научи да играат, да украдат топка, да се постигне гол и крајот и да не биде резултатот позитивен сите да бидат задоволни.