Анализа Оливер Димитриоски: Не играме „норвешки“, ама убаво е што победивме

Убаво е да имаш чест да коментираш кога ќе победи репрезентацијата. Реално победата е секогаш добредојдена. Но, имаме аномалија во обраната играме преплитка одбрана 6-0. Исто така имавме и среќа репрезентативците на Алжир да прават почесто технички грешки, да промашуваат, но и да брани Митревски, секоја чест за него и покажа зошто е прв голман во репрезентацијата.

Нападот ни е статичен. Од сите кажувања дека ќе играме норвешки ракомет, брз со многу трчање, не видовме ништо. Нападот ни е премногу статичен. Пак сè се сведува идивидуално. Со Алжир таква игра помина, но со други репрезентации ќе биде потешко.

Почеток на  второто полувреме имавме и промена во одбраната тоа даде и резултат се одбранивме 3-4, но како да се заситивме и пак застанавме. Одбраната е или сакаш да ја играш или несакаш. Четири напади ги запираме и после не сакаме да играме, тука мора да имаме корекција.

Нападот мора да ни биде пожив, не може да играме ниту како Франција, ниту Норвешка.

Најубава слика беше пред почекот на натпреварот кога беа насмеани, беа растерени од секој вид притисок. Убаво е што сепак победивиме.