Анализа Дарко Петровски: Можат сите да играат во македонската лига, но не и на големо натпреварување

Без навреда особено тие што играа во средина на нашата одбрана. Маркоски е со „спори нозе“ за да игра на ова првенство, истото го сметам и за Савревски и за Младеновиќ, млади но спори за да одговорат на квалитетот на првенството. На позициите 3-4 тешко ни оди, нема фаул, таму треба да се подобриме, е дел од анализата на Дарко Петровски за мечот Македонија - Тунис, што нашите репрезентативци го загубија со 28-33.

Ме разочара што на почетокот на мечот дозволивме Тунис да почне со 5:0 за само 5 минути. Тоа беше знак дека бевме неподготвени за натпреварот, потценувачки. Кога ќе почнеш така тешко е да се вратиш во истиот натпревар. Следеа грешки, а во одбраната како и на целото првенство бевме ненаштимани „без густина„. Нашата одбрана им дозволуваше лесни голови на Тунижаните. Едноставно немавме направено фаул над противник кога игравме 6-0 во одбраната.

Со исклучок на Кузмановски, Манасков и Митревски, кои беа сериозни во текот на целиот натпревар, останатите треба да се запрашат дали им е местото во репрезентацијата. Без навреда особено тие што играа во средина на нашата одбрана. Маркоски е со „спори нозе“ за да игра на ова првенство, истото го сметам и за Савревски и за Младеновиќ, млади но спори за да одговорат на квалитетот на првенството. На позициите 3-4 тешко ни оди, нема фаул, таму треба да се подобриме.

Бев изненаден од Ѓеоргиев што не може да одговори на позицијата 5, млад и нема физички предиспозиции од овој калибар. Можат сите да играат во македонската супер лига, но не и на големо натпреварување.

Повторно немавме соодветна транзиција. Сметам дека Костески требаше да го почне натпреварот, така да развиваме млади играчи. Талески кој го сметам за голем потенцијал, треба да биде лидер и да се приклучи на репрезентацијата и да решава од 9 метри. На оние момци како Савревски, Талески ако се шутира на гол мора да биде со изградена акција, но и тие треба максимално да влезат со шутот.

Како во одбраната и во нападот делувавме неорганизирано. Така беше и на претходните натпревари. Според мене поголема минутажа требаше да има Костадин Петров. Македонија има и други играчи кои можеа да играат на ова првенство и можеа да дадат повеќе, на пример Михаил Аларов или Емилијан Ѓорѓовски, но сепак изборот на играчи е на селекторот. Повторно игравме само со Манасков на позиција лево крило можеби требаше тука да биде и Цветан Кузмановски, само така ќе се даде шанса на младите да се развиваат.

Ова денеска повторно беше бледо издание. Разочарување, очекувавме повеќе.

Навистина е штета што Јагуриновски се повреди на самиот старт на првенството, а како десен бек и Серафимов го добиваме на некој начин, но не и Савревски, за таа позиција има и други играчи.

Потребно е да се направи вистинска селекција и други момци чекаат на шанса. Но и ако ти е дадена шанса – треба да гризеш.

Младите мора да разберат дека постојат тркачи и играчи.