Алушовски тргна со победа во Вардар, „црвено-црните“ подобри од Еурофарм Пелистер

Ракометарите на Вардар дојдоа до победа на контролниот дуел против Еурофарм Пелистер со 32:28.

Првото полувреме мина во израмнета игра при што долго имаше резулатска тензија. Во финишот на првиот дел вардарци се изборија за предност и стигнаа до 15:12 пред заминувањето на одмор.

На стартот на вториот дел брзо направија предност при што се изборија за висока предност. Дојдоа до висока предност која постојано ја имаа од 7-8 погодоци. Оваа разлика им беше доволна за да можат да одиграат мирно до крајот и да се радуваат на победа.

Ова беше шанса за новиот тренер на Вардар, Стевче Алушовски на дело да ја види формата на сите ракометари и да има увид што треба да се поправи до дуелот против Кил на 5 февруари. Воедно ова беше шанса за посилна контрола на Еурофарм Пелистер и за новиот тренер Жељко Бабиќ, кој после двата дуели со КЛ 7 сега ги имаше на располагање сите ракометари.

Се работеше за тренинг натпревар на кој немаше публика.