Алкалоид со силен ритам, го наполни голот на Аеродром за нови три бода

Составот на Алкалоид одигра уште еден добар натпревар во кој дојде до висока победа, а овој пат триумфот беше обезбеден против составот на Аеродром со 43:21.

На оваа средба домашните имаа предност во првите неколку минути. Успеаја да бидат во предност со 2:0, а имаа и 2:1 и 3:2 при што дојде до комплетен пресврт. Гостите набрзина со 5:0 ги свртеа сите работи во своја корист.

Во овој период не одеше најдобро на теренот и тоа влијаеше на играта и во одбрана и во напад, а за момците од Алкалоид беше лесно да се дојде до посакуваното. Без никакви проблеми беше обезбедена предност која постојано растеше.

Гостите имаа целосна контрола и при една таква игра лесно доаѓаа до погодоци, па на крајот од првото полувреме имаа 19:10.

Овие девет гола разлика отворија простор за уште поефикасна игра во вториот дел. Со повеќе идеја во нападот и со поквалитетна завршница Алкалоид само успеваше да зголемува, па рано го реши победникот. На крајот беше прашање само со кој резултат ќе се заврши средбата и која ќе биде разликата.

Алкалоид на крајот дојде до победа од 43:21 со што одново стигна до висок триумф за нови три бода.

АЕРОДРОМ – АЛКАЛОИД          21:43 (10:19)

Сала: СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 150. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Зоран Кимовски од Скопје.

АЕРОДРОМ: Богдановски, Павличковски, Ивановски 1, Огненовски 1, Божинов, Михајлов 5, Симоновски, Шумоски 2, Петровски, Митев, Миноски 2, Олтовски 3, Маркудов 1, Василев, Петрески 5, Митревски 1.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 10 мин.

АЛКАЛОИД: Ерманоски, Галевски, Стојков 10, Серафимов 8, Илиески 2, Ѓоргиев 5, Иваноски 2, Симоноски, Тодески 6, Кофилоски 4, Димовски 2, Јорданов, Костовски, Штаковски, Георгиевски, Стојковиќ 4

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 16 мин