Алкалоид ги полни мрежите на ривалите, против Кичево броеше до 56

Ракометарите на Алкалоид имаа ново перфектно издание во 4. коло од групата Б во Првата лига и на домашен терен славеа многу лесна и убедлива победа против екипата на Кичево со 56:21.

Алкалоид потврди дека игра во одлична форма на почетокот на сезоната и продолжува да реди победи. На овој дуел уште од почетокот ја најавија победата и во ниту еден момент не беше прашање која екипа ќе ги освои бодовите.

После 6:0 и 10:2 до крај на првото полувреме домашниот тим го реши победникот и по 30 минути игра имаше водство од 26:11. До крај на натпреварот разликата само растеше, а Кичево немаше никакви шанси и претпре висок пораз.

Најефикасен во составот на Алкалоид беше Дарко Кофиловски со седум гола, а по шест постигнаа Серафимов, Тодески и Костовски. За екипата на Кичево најефикасни поединци беа Мојсие Тасески и Дамјан Наумовски со по шест гола.