Александар Зарков се враќа во Грција, ќе биде тренер на женскиот вицепрвак?

Поранешниот македонски репрезентативец Александар Зарков, би можел наскоро да се врати во грчкиот ракомет, пишува „greekhandball“.

Тој е пред договор со женскиот вицепрвак на јужниот сосед на Македонија, екипата на Неа Јонија, која во финалната серија минатата сезона загуби со 3-2 од ПАОК Солун.

Зарков минатата сезона беше асистент тренер, а потоа и главен тренер во Еурофарм Пелистер 2, а работеше долго време и во младинските категории на битолскиот клуб.

Работата во јужниот сосед нема да биде непознаница за Зарков, бидејќи тој беше дел од тимот на Дукас три сезони, од 2000 до 2003 година.