Алборг го задржа Швеѓанецот, Сандел продолжува до 2023 година

Ракометарот на Алборг, интернационалецот од Шведска, Лукас Сандел го продолжи договорот со тимот на уште две години така што го продолжува својот претстој во редовите на актуелниот вицешампион на Европа.

Сандел се обврза на верност од 2023 година така што дефинитивно нема да има промена на клубот.

Дојде во Алборг во летото во 2020 година и стана еден од играчите кои имаат големо влијание на играта на тимот.

Со 77 настапи во сезоната 2020/21 тој беше еден од играчите кои имаа најголема присутност на терените во време на пандемијата со Ковид 19.

„Лукас се разви во еден од најдобрите на неговата позиција. Многу сме задоволни што го продолжи договорот со нас и ќе имаме корист од неговите квалитети и понатаму“, вели директорот на тимот, Јан Ларсен.

На ова се надоврза и самиот ракометар.

„Дојдов во клуб кој си постави големи цели за иднината. Сè уште сум под големи емоции секогаш кога ќе истрчам на теренот пред нашите фанови. Затоа со нетрпение очекувам и понатаму да освојувам многу трофеи со Алборг“, вели Сандел.

Алборг веќе ги одигра двата дуели против тимот на Вардар во Лигата на шампионите. Во Скопје Вардар победи со 30:28, додека во Данска беше 33:29 за тимот на Алборг.