„Ако се откаже Светското првенство, тоа ќе биде огромна загуба – особено за играчите“

Како што се наближува Светското првенство во Египет сè повеќе ракометари, тренери и ракометни работници се против одржување и сметаат дека треба да се одложи, но главен противник на тоа е првиот човек на ИХФ.

Претседателот на ЕХФ, Хасан Мустафа се вклучи во дискусијата за можното откажување на првенството и јасно истакна дека се залага за одржување на турнирот во планираниот период од 13 до 31 јануари во неговиот Египет.

„Светското првенство за мажи не е обичен настан туку е голем глобален спортски настан. Ова е најголемиот турнир во ракомет и одржувањето е во интерес на сите. Многу е важно сите да дадат свој придонес за одржување на првенството од ТВ куќите, спонзорите и гледачите. Секој учесник на настанот има своја корист. Доколку не се одржи првенството тоа ќе биде огромна загуба, особено за играчите“, рече Хасан Мустафа за сајтот на ИХФ.

За организација на првенството домаќинот ги презема сите потребни безбедносни мерки во соработка со Министерсството за здравство на Египет и Светската здравствена организација. За одржување на првенството Египет е подготвен на направи дополнителни огромни трошоци со цел заштита на сите на највисоко ниво.