Ако нешто пропуштивте: Како Еурофарм Пелистер освои бод во Швајцарија (ВИДЕО)

Екипата на Еурофарм Пелистер се враќа од Швајцарија со еден освоен бод, но во натпревар во кој составот од Битола беше во постојана негатива, а во неколку моменти имаше и осум гола заостанување.

Со одлична завршница односно последни 15-20 минути сè беше надоместено така што на крајот составот на Еурофарм Пелистер дојде до нерешен резултат од 28:28.

Доколку не го следевте овој натпревар тогаш можете да го погледнете на следниот ЛИНК. Можете да го погледнете и најдоброто од оваа средба во три минути. Тоа може да го направите на следниот ЛИНК.