„Ако играме пред навивачи од октомври – ќе избегнеме банкрот на крајот од сезоната“

Насекаде низ Европа сите веќе се подготвуваат за старт на новата ракометна сезона, но се уште е нејасно како таа ќе се одвива и дали ќе почне според планираното.

Германците го закажаа стартот на Бундес лигата на почетокот во октомври, иако дуелите од европските натпреварувања ќе стартуваат на крајот на август.

Директорот на Бундес лигата, Франк Бауман, вели дека ако не се игра со навивачи на трибини, многу клубови ќе бидат на работ на банкрот кон крајот на сезоната, со оглед на тоа што најголемите приходи го имаат од влезници.

„Ако добиеме шанса да играме пред навивачи од октомври, тоа значи дека ќе избегнеме банкрот на клубовите на крајот на сезоната. Сите екипи работат по „кризен режим“. Ние ќе направиме се што е неопходно, за да ги убедиме властите, како и навивачите, за да можеме да се вратиме во нормален ракометен живот пред стартот на новата сезона“, вели Бауман за „Sport.de“.

Во Бундес лигата ќе играат четворица македонски интернационалци – Мартин Томовски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Филип Миркуловски.