Адемар ја намачи Барса, но пехарот пак отиде кај Каталонците

Ракометарите на Барселона дојдоа до победа во Супер купот на Шпанија, но многу потешко од сите очекувања бидејќи Адемар беше одличен противник во текот на сите 60 минути, па на крајот беше 30:27.

Во поголемиот дел од средбата имаше израмнета игра. Адемар добро парираше, што може да се види и од резултатот остварен на полувремето кога Барса губеше со 13:15.

Дури и до средината на вториот дел резултатот беше нерешен. Требаат повеќе од 40 минути за Барселона да успее да дојде до позитивен резултат односно да успее да се избори за предност. Откако Каталонците поведоа не им беше проблем до крајот да го задржат водството и да дојдат до триумф од 30:27.

Со ова Барселона стигна до 24. круна во Супер купот на Шпанија, а десетта во серија.