Адемар Леон во (не)возможна мисија, ќе се трка со времето до 30 март

Поради пет позитивни ракометари на Kовид 19 во Адемар Леон, натпреварот против Кристијанштад кој требаше да се игра на 23 март беше откажан. Карантинот за ракометарите на Адемар Леон ќе продолжи и во следниот период, а од клубот прават големи напори да се одигра натпреварот против шампионот на Шведска во рамките од елиминациските натпревари од Лига на Европа.

Шпанците ќе се тркаат со времето и ќе се обидат до 30 март да гo одиграат натпреварот, но до 29 март ќе бидат во карантин поради ковид портоколите на здравствените власти во реонот, Кастиља и Леон. Според правилата на ЕХФ, двата натпревари мора да се одиграат до 30 март. Како и дали ќе стигнат да постигнат се во краток рок ракометарите и раководството на Адемар Леон е прашање само на време.

Во ваква ситуација домаќин би бил тимот кој нема позитивни случаи на Ковид 19, а тоа е екипата на Кристијанштад. Сепак, проблем ќе биде реванш натпреварот бидејќи после 30 март нема да може да се одиграат откажаните натпревари.

„Играчите на нашиот клуб се тестираат редовно на Ковид 19 за да може да се контролира ситуацијата. Се обидуваме да сториме сè што е во наша моќ да останеме во Лига на Европа“, информираат од Адемар Леон.

Од клубот ќе се обидат да го убедат федералното тело на Кастиља и Леон да можат да ги одиграат натпреварите против Кристијанштад во Шведска на 29 и 30 март, но за тоа треба одобрение од ЕХФ и тимот од Шведска. На Адемар Леон му се пишува дисквалификација доколку ситуацијата би била иста и без промени.