Австријци ќе му судат на Еурофарм Пелистер на отворањето на сезоната

Екипата на Еурофарм Пелистер во вторник ќе ја отвори новата сезона во Лигата на Европа, а во Битола гостува тимот на Ним од Франција.

На оваа средба на теренот ќе се најдат судии од Австрија кои добија сериозна задача бидејќи ова ќе биде еден од поинтересните дуели во 1. коло.

Правдата ќе ја делата Денис Болиќ и Кристоф Хурих. Делегат на овој дуел ќе биде Ајберк Дилмен од Турција.

Натпреварот се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а почетокот е во 20:45 часот.