Во фокусот на европската ракометна јавност е континенталното првенство за ракометари до 20 години во Словенија.
Македонија е дел од овој шампионат, а нашите ракометари ја имаат и поддршката од трибините во Целје и во Лашко.
„Македонско девојче“ е омилено кај фоторепортерите во Словенија, за што доказ се многуте фотографии.
Покрај припадничките од понежниот пол на трибините, во фокусот на фоторепортерите е и единствената девојка во македонската делегација.
Станува збор за Марија Танчева, која заедно со Ненад Добревски, се дел од докторскиот и физио тим, и се грижат за здравјето на ракометарите.