📷 Македонија ги „обедини“ САД и Русија

Машката репрезентација на Македонија се пласираше по деветти пат, односно седми по ред на Мундијалите.

По триумфот над Фарски Острови со 34-26 беше надмината негативата од седум гола од Торшавн, 34-27.

Меѓу сите честитки што пристигнуваа по пласманот на СП 2025, беа и оние од амбасадите на Русија синоќа и на САД во текот на денешниот ден.

Македонија ќе биде дел од третиот шешир пред ждрепката што ќе се одржи на 29 мај од 17:30 часот во Загреб.