Женската сениорска репрезентација на Македонија утре ќе го одигра реванш натпреварот против Полска за пласман на Светското првенство 2025.
На првото соочување, избраничките на Киристијан Грчевски беа поразени со 22:18 и на утрешниот рееванш ќе се обидат да ја анулираат негативата и да изборат мундијалска виза.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ е речиси 90% распродадена, а репрезентативките ги повикаа навивачите да бидат силна поддршка на најважниот натпревар на женската репрезентација во поновата историја.
Натпреварот меѓу Македонија и Полска е закажан за 19:00 часот, а правдата ќе ја делат Хатиполгу и Симшек од Турција, додека делегат е Вукашиновиќ од Србија.