Еурофарм Пелистер славеше во финалето на Струшкиот турнир над Вардар со 29-26 и го освои 14-тиот трофеј покрај езерото.
Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ, доби награда за најдбоар стрелец на турнирот во Струга, заедно со онаа тимската за освоеното прво место.
„Резултатот против Вардар секогаш е битен, може да сме пријатели надвор, но на теренот тоа е дерби“, вели десното крило.
Пелистерци ги очекува уште турнири во Болу и во Добој, пред Супер Куп натпреварот и стартот на сезоната во Супер лигата.
View this post on Instagram