Порто задржа две големи имиња – ветераните Дуарте и Салина остануваат уште една сезона

Порто го задржува искуството во ростерот за новата сезона. Португалскиот гигант постигна договор за продолжување на соработката со две големи имиња во тимот – |Жилберто Дуарте и Дајмаро Салина, кои ќе останат во „Драгао Арена“ уште најмалку една сезона.

Порто во последните години минуваше низ периоди на промени, но со ваквите одлуки јасно покажува дека не сака целосно да ја загуби основаата на тимот.

Дуарте се врати во Порто во текот на минатата сезона, десет години по заминувањето од клубот во кој остави силен печат. Левиот бек, кој може да покрие и повеќе улоги во бековската линија, во првиот мандат беше дел од најуспешниот циклус во историјата на клубот, кога Порто освои седум шампионски титули по ред.

Дуарте во својата богата кариера играше за Висла Плоцк, Барселона, Монпелје, Гепинген, Екс Ан Прованс и АЕК, а со Барселона го освои и Светското клупско првенство. За Порто има повеќе од 300 одиграни натпревари и над 1.400 постигнати голови, што доволно говори за неговото значење во историјата на клубот.

Од друга страна, Салина е вистински симбол на Порто. Кубанецот со португалски пасош пристигна во клубот во 2011 година и повеќе од една деценија е еден од најважните играчи во составот. Пивотменот и капитен е еден од најпрепознатливите ракометари на клубот, лидер во одбраната и играч кој со години ја носи борбеноста на „змејовите“.

Салина веќе има легендарен статус во Порто. Тој беше дел од последните четири титули во историската серија од седум шампионски трофеи, а потоа како капитен беше важен фактор и во новиот успешен циклус на клубот. Во синиот дрес има над 500 настапи и повеќе од 1.300 голови, а со Порто освои двоцифрен број трофеи.

Интересно е што Дуарте и Салина повторно се заедно во Порто, откако беа дел од истата генерација во претходниот период на клубот. Дуарте при враќањето во „Драгао Арена“ зборуваше дека повторната средба со Салина му е посебно драга, бидејќи станува збор за човек и соиграч со кој го врзуваат силни спомени.

Во новата сезона Порто ќе игра во лигата на шампионите во група А заедно со Веспрем, Порто и Партизан.