Србија е последниот ривал на Македонија на ЕП

Селекцијата на Србија ќе биде последниот ривал на Македонија на Европското првенство во Романија за младинци.

Денеска е ден за одмор, пред утрешните разигрувања за конечен пласман и поделбата на медалите во Клуж и Турда.

Maкедонија по несреќниот пораз од Полска на пенали, ќе разигрува за 19 место против Србија која игра шампионат за заборав и загуби од Турција, Грција, Летонија…

Србите во меч со 77 погодоци, загубија од Летонија со 40-37, а десниот бек Валдас Калнинс им даде дури 20 гола.

Мечот меѓу Македонија и Србија се игра утре од 11:00 часот.