🎥 Ако е за утеха – Валах има ТОП 5 одбрана на колото во ЛШ!

Вардар на домашен терен, во салата „Јане Сандански“, претрпе пораз од Висла Плоцк во натпревар од третото коло во Лигата на шампионите.

Полскиот тим покажа квалитет, а голманите на Вардар немаа можност да се истакнат со своите интервенции.

Сепак, и покрај поразот на „црвено-црните“, голманот Милош Валах со една од неговите одбрани се најде меѓу најдобрите во ова коло.

Пред Валах е само Небојша Симиќ од Мелсунген, чија интервенција се најде на првото место на листата.

Во ТОП 5 се најдоа уште одбраните на Кристофер Бонде од Нант, Магнус Петерсон од Архус и Лука Кривокапиќ од Партизан.