Што вели традицијата: На последните десет средби со битолчани, Вардар има пет победи!

Денеска целото внимание ќе биде насочено во Скопје каде што Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го играат првиот меѓусебен дуел во суперлигашкиот плеј-оф сезонава.

Двете екипи на табелата во плеј-оф фазата имаат по 15 бода и подобриот од овој дуел ќе направи голем исчекор кон титулата.

Екипата на Вардар на последните 10 натпревари против битолскиот тим има подобар меѓусебен скор, односно биланс од пет победи, тука спаѓаат и двете победи во финалето од Купот на Македонија.

Еурофарм Пелистер забележал четири победи, две од нив се во Супер Купот на Македонија, а еден суперлигашки дуел завршил нерешено.

Последен пат двете екипи се сретнаа во борбата за трофејот во Супер Купот на Македонија.

Овој натпревар беше одигран на 11 септември минатата година и во неизвесен финиш Еурофарм Пелистер славеше со 23:22.

Денешниот дуел меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Јане Сандански”.