Циндриќ и Де Варгас не мрдаат од Барса – ќе останат до 2025 година!

Каталонското радио „RAC1“ објавии дека европскиот првак Барселона наскоро треба да ги официјализира новите договори на двајца клучни ракометари.

Станува збор за екс вардарецот Лука Циндриќ и голманот Гонзало Перез Де Варгас, кои се обврзаа на нова соработка.

Нивните актуелни договори беа валидни до летото 2023 година, но тие потпишаа нови на две години што значи дека во „Блауграна“ ќе останат најмалку до 2025 година.

Претходно Барса ја продолжи соработката со Н’гесан и Гомес, а од следната сезона ќе го има на располагање и Хампус Ване. Во меѓувреме беше потврдена соработката со катарскиот репрезентативец Јусуф Бенали, кој ќе го менува повредениот Фраде.