Хрватска има големи проблеми со формирањето на ростерот пред натпреварите со Словачка во ЕХФ Евро Купот.
Селекторот Хрвоје Хорват остана без двајцата ракометари на Нексе, Морено Цар и Халил Јагањац. Членовите на тимот од Нашице, минатата недела беа на вакцинација во Белград, но Цар доби позитивен резултат на последните тестирања.
Поради претпазливост, од обврските е ослободен и Халил Јагањац.
Двајцата играчи на Нексе патувале заедно со автомобил до Нашице, па Хрватите претпоставуваат дека и Јагањац се има заразено од Морено Цар, кој бил позитивен еден ден претходно.
Хрватска на 28 и 29 април во Вараждин треба да игра против селекцијата на Словачка.