Данска сигурно ги меле противниците на Европското првенство и веќе обезбеди пласман во полуфиналето со победата против Холандија во претпоследното коло од главната фаза.
Тимот на Данска е составен од врвни ракометари, а еден играч има неверјоатна статистика во досегашниот дел од првенството. Матијас Гидсел на шест натпревари постигна 35 гола со само едно промашување и процент на реализација на ударите од 97,22.
Гидсел на Холандија и Исланд им даде по девет гола без промашување, против селекцијата на Словенија погоди седум пати, а против Црна Гора постигна пет погодоци. Единственото промашување беше против Хрватска кога од шест удари постигна пет гола.
Матијас Гидсел кој има 22 години настапува за екипата на ГОГ Гудме, но веќе од следната сезона ќе се пресели во Бундес лигата и ќе ги брани боите на Фуксе Берлин. Гидсел иако е доста млад минатата година стана светски шампион, а на Олимписките игри беше прогласен за најдобар играч.