Уште не почнаа квалификациите за ЕП 2024, познато е кој ќе игра претквалификации за ЕП 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) преку својата официјална страна информираше дека Кипар ќе биде домаќин на претквалификациите за Европското првенство во 2026 година.

Доколку Кипар го откаже домаќинството, тогаш домаќинската улога ќе му се додели на Азербејџан, односно на ракометната куќа на Азербејџан.

Овие натпревари ќе се играат во текот на еден викенд, при што секоја репрезентација ќе одигра по три натпревари. Освен Кипар и Азербејџан ќе учествуваат и репрезентациите на Малта и Велика Британија.

Победникот на турнирот ќе има загарантирано место во следната фаза од квалификациите заедно со четирите најслабо рангирани репрезентации од квалификациите за Европското првенство 2024.

Европското првенство во 2026 година ќе се одржи во периодот од 9 до 15 јануари, а домаќини ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска.