Шпанскиот клуб Салуд Тенерифе каде ќе игра екс вардарката Татјана Хмирова, донесе засилувања од Бразил – пикерот Тамиреш Анселмо и левото крило Дајана Пирес да Роча, која во Вардар играше во сезоната 2013/2014.
Откако продолжи договор со тројца ракометари и го донесе Валентин Јонеа, романскиот шампион Динамо Букурешт го врати и пикерот од Татабања, Андраш Шаш, кој потпиша на две сезони.
Словенечката интернационалка Лина Крхликар, го продолжи договорот со бундеслигашот Гепинген и за следната сезона. Таа во овој тим игра од 2015 година.
Грчкиот шампион АЕК Атина го продолжи договорот со шпанскиот интернационалец Игнасио Хименез Плаза на уште две години до летото 2022.
Левото крило на Политехника Темишвар, Филип Марјановиќ по четири години заминува од оваа екипа. Српскиот ракометар потпиша договор на две сезони со тимот на Фочани.
Левиот бек на Нант, Џејмс Џуниор Скот – Американец со француски пасош, кој беше на позајмица во шпанската Ла Риоха последните две години, ќе биде замена за Филип Талески во Балинген, со кој потпиша договор на две сеозни.