ТРАНСФЕР БОМБА: Богдан Радивојевиќ потпиша за Еурофарм Пелистер!

Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ е најновото засилување за македонскиот првак Еурофарм Пелистер пред настапот на битолчани во ЕХФ лигата на шампионите.

Десното крило веќе е во Битола и ќе му се стави на располагање на тренерскиот двоец Звонко Шундовски и Александар Јовиќ и ќе биде дел од следните натпревари на македонскиот првак.

Ненад Костески ќе добие друштво на десната крилна позиција, a Павле Петровиќ веројатно ќе се посвети само на десната бековска позиција.

Радивојевиќ потекнува од Партизан, шест сезони играше во Германија за Флеснбург и Рајн Некар Левен, а четири сезони мина во унгарскиот ПИК Сегед.

Српскиот репрезентативец е одличен реализатор на удари од седум метри, а игра важна улога и во одбрана.

Ова лето битолчани се засилија со Андреас Нилсен, Калифа Гедбан, Урош Борзаш и Домен Тајник, а од вториот во првиот тим беа префрлени Емилијан Ѓорговски и Павле Петровиќ.