Актуелниот тренер на Вардар, Едуард Кокшаров, кој во исто време е и спортски директор на прес-конференцијата пред мечот против Мешков Брест имаше можност и да одговара на прашања. Со оглед на тоа што најавите беа дека тој е привремено решение за тренерската позиција интересно беше размислувањето околу тоа дали веќе има на повидок име на нов стратег.
„Не можам да кажам ништо околу нов тренер во Вардар. Ние сме во постојан контакт со претседателот на клубот и разговараме. Сепак, јас не би можел да кажам во моментов бидејќи главната одлука е на претседателот“, рече Кокшаров.
Како што стојат работите во моментов, Кокшаров продолжува да го води тимот, а Писонеро и Периќ се во неговиот тим.