САД по 22 години ќе игра на Мундијалот, стана можен ривал на Македонија

Селекцијата на САД по 22 години обезбеди место на Светските шампионати, откако последен пат играше во 2001 година.

САД славеше во финалниот натпревар од шампионатот на Северна Америка и Кариби против Гренланд со 32-26 и се пласира на СП.

Избраниците на Роберт Хедин ќе бидат во последниот шешир пред ждрепката што ќе се одржи утре и стануваат потенцијален ривал на Македонија.

САД има уште од поодамна добиено вајлд-карти и за Мундијалите во 2025 и 2027 со одлука на ИХФ, па ќе имаат три учества по ред.