Прв предизвик во странство: Граматова се сели во словенечкиот Целје

Левото крило Пена Граматова во новата сезона ќе го има првиот интернационален предизвик во кариерата.

Досегашната членка на Куманово ќе се пресели во словенечкиот шампионат и ќе настапува за екипата на Ждежеле Целје.

Станува збор за млада екипа, која минатата сезона го освои третото место во Словенија зад неприкосновениот Крим и Млинотест Ајдовшчина.

Во стручниот штаб на Целје е некогашната голманка на Крим и словенечката репрезентација, Миша Маринчек.

Граматова играше за младинските селекции на Македонија, а во нашата земја освен за Куманово настапуваше за екипите на Леов Бартек и Металург.