После големата загуба и трагедијата која се случи откако денеска голманот Алфредо Кинтана ја загуби битката и почина во болница после срцевиот удар кој го претрпе во понеделникот не стивнуваат реакциите и изразувањето на сочуство.
Веќе падна предлог од претседателот на клубот, Хозе Нуњо Пинто да Коста дресот со број 1 да биде повлечен.
Ова е експресна реакција и дефинитивно ќе биде усвоена така што повеќе во тимот на Порто никој нема да го носи овој број.
Алфредо Кинтана кој беше голман и на репрезентацијата на Португалија претрпе срцев удар на тренингот во понеделникот, а почна на неполни 33 години. Требаше да прослави роденден на 20 март.