Машката репрезентација на Србија моментално е на подготовки во Стара Пазова. Избраниците на Тони Херона ги очекува две пријателски натпревари против репрезентацијата на Македонија во Ниш.
На двете пријателски натпревари, Србија ќе настапи со комбиниран состав, а во својот ростер ќе има и неколку дебитанти.
После натпреварите во Лигата на шампионите, членот на Нант, Драган Пешмалбек се придружи во репрезентацијата на Србија и неговиот деби настап во сениорскиот дрес ќе биде на пријателските натпревари против Македонија.
Младиот ракометар имаше одлична сезона во францускиот шампионат и беше избран за најдобар пикер.
„Сезоната беше многу долга и тешка. За жал, завршивме на третото место во француската лига, мислам дека на завршниот турнир од Лигата на шампионите можевме малку подобро, не успеавме да ја победиме Барселона. Но, дефинитивно ова е добра сезона за мене, за клубот и за сите”, изјави Пешмалбек.
За новиот член во српската репрезентација натпреварите против Македонија ќе бидат од голема важност. Очекува победа на двата дуели, но исто така и добра игра во одбраната и нападот на неговите колеги.
„Пријателски натпревари се во прашање, но сите мора да работиме заедно на одбраната и нападот, за да се уиграме добро. Се разбира, нема да биде лесно. Селектор на Македонија е Кирил Лазаров, мој добар пријател и соиграч во Нант. Мора да работиме добро и да се обидеме да ги добиеме двата натпревари викендов”, заврши Пешмалбек.
Пријателските натпревари меѓу Македонија и Србија се играат во Ниш на 19 јуни од 18:00 часот и на 20 јуни од 16:00 часот.